ПОВЕЌЕ

    Кои три акции свртеа над 4,3 милиони евра на Македонска берза во декември

    Време зa читање: 2 минути

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.12 – 31.12.2021 година вкупниот промет изнесувал 840.414.353 денари и е намален за 31,61 отсто во однос на претходниот месец, кога тој изнесувал 1.228.817.141 денари.

    Класичното тргување изнесувало 754.690.781 денари и е зголемено во однос на ноември за 69,56 отсто кога изнесувало 445.081.429 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 431.449.081 денари и обврзници во вредност од 323.241.700 денари.

    Блок трансакциите во декември изнесувале 85.453.250 денари и се намалени за 89,10 отсто во однос на ноември.

    Бројот на трансакции во декември изнесувал 1.658 и е зголемен за 4,58 отсто во однос на ноември кога изнесувал 1.590.

    Најтргувани акции на официјалниот пазар за декември е истата тројка од минатиот месец, каде лидер е Комерцијална Банка АД Скопје со истргувани 15.925 акции со просечна цена од 11.032,60 денари и остварен е промет од 175.694.206 денари или 2.849.078 евра. Следи Алкалоид АД Скопје каде количински се истргувани 3.530 акции по просечна цена од 17.950,09 денари и се свртеле 1.027.528 евра или 63.363.815 денари. Третото место и припаѓа на НЛБ Банка АД Скопје со истргувани 1.068 акции по просечна цена од 28.780,48 денари каде реализиран е промет од 498.490 евра.

    Според количината на истргувани акции, лидер е Гранит Скопје со 19.382 истргувани акции, каде просечна цена по акција изнесувала 1.374,37 денари.

    Компаниите кои имаат најголем раст на акциите се Хотели Метропол Охрид, РЖ Техничка Контрола Скопје, Македонија осигурување Скопје – Виена Иншуренс Груп, Комерцијална банка Скопје и Стопанска банка Скопје.

    Витаминка Прилеп, Либерти Скопје, Стопанска банка Битола, Пекабеско Скопје и РЖ Услуги Скопје, ја предводат петорката на компании чии акции забележаа најголем пад во декември месец.

    Месечниот статистички билтен за декември 2021 година е достапен тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично