ПОВЕЌЕ

    „Македонијатурист“ ја помножи добивката со 3 

    Време зa читање: 2 минути

    За една година трикратно зголемена добивка е ефектот од работењето на „Македонијатурист“ во текот на 2023. Од хотелските и ресторански услуги како основна, а заедно со другите споредни дејности позитивниот финансиски резултат е чиста добивка од 96,39 милиони денари, односно над 1,5 милиони евра. Голема е разликата со остварените 30,88 милиони денари или околу 501 илјада евра во 2022 година.

    Вкупните приливи забележани во дванаесетте месеци од ланската година изнесуваат 412,34 милиони денари (близу 6,7 милиони евра). Зголемени се за 28,25 насто. А, приходите од продажба имаат раст од 32 проценти.

    По нагорна линија се движеле и трошоците, но во помал процент. Нараснале за пет насто во од нос на 2022, и достигнале 306,12 милиони денари (над 4,9 милиони евра).

    За намалување на трошоците во делот на електричната енергија и останатите енергенси, од „Македонијатурист“ инвестирале во фотонапонски централи, поставени на дел од подружниците – на хотелите „Белви“ и „Карпош“, како и во рамките на поранешниот хотел „Сарај“.

    Инаку, минатата година се реализирани вложувања во вредност од околу еден милион евра, при што целосно се реновирани конференциските сали во составот на хотелот „Холидеј Ин“.  Во текот на годинава, пак, меѓу другото, ќе се инвестира во реновирање на фасадата и паркингот на овој хотел.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично