ПОВЕЌЕ

    МАКЕДОНИЈА ВТОРА ВО РЕГИОНОТ ПО ЗЛАТНИ РЕЗЕРВИ во трезорот на Народна Банка

    Време зa читање: 2 минути

    Србија е водечка земја во регионот во однос на златото депонирано во трезорот на централната банка, покажуваат најновите податоци на Светскиот совет за злато (World Gold Council- WGC),  додека второто место на Балканот според резерви на злато меѓу земјите од регионот го зазема Македонија.

    Во трезорот на државната банка во Србија сега лежат дури 38,1 тони златни прачки, додека пак Северна Македонија е втора на Балканот со 6,9 тони златни резерви, потоа Словенија со 3,2 тони и Босна и Херцеговина со три тони, се вели во извештајот на WGC. Црна Гора е последна со 1,09 тони, додека Хрватска не е рангирана. Еден килограм злато вредел 58.119,62 долари на 4 јули.

    Кинескиот рударски гигант Зијин, кој управува со најголемиот рудник за бакар и фабрика за топење во Србија, ѝ продаде 5,74 тони злато на Народната банка на Србија во последните три и пол години, објави компанијата. Зијин во изминатите шест месеци произведе, продаде и испорача 852 килограми злато.

    „Целото количество злато што се произведува, според српските закони, мора прво да и се понуди на Народната банка на Србија, а само доколку одбие да го купи по пазарна цена, можеме да побараме дозвола за извоз. Тоа досега не се случило, што значи дека златото што го произведува оваа компанија останува во Србија“, објави Зијин.

    Според најновите податоци, Србија, освен што според количеството од 38,1 тони златни прачки во резервите е водечка земја во регионот, е рангирана и како 54-та во светот по злато депонирано во трезорот на централната банка. За споредба, во 2016 година во трезорот на Србија имало 17,9 тони злато.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично