ПОВЕЌЕ

    Македонијатурист оствари очекуван негативен финансиски резултат

    Време зa читање: 5 минути

    Друштвото со своето работење во деветте месеци од 2020 година од својата основна дејност- хотелски и ресторански услуги  како и од други споредни дејности оствари  негативен финансиски резултат  бруто загуба од 22,11 мил. денари односно нето загуба 22,11 мил. денари. Финасискиот резултат за овој период е намален во однос на истиот период во минатата 2019 година, кога Друштвото оствари позитивен финасиски резултат.

    Вкупните приходи за деветте месеци од 2020 год. изнесуваат 103,29 мил. денари и се намалени за 63%, додека пак приходите од продажба се намалени за 77% во однос на претходната 2019 година.

    Вкупните трошоци и расходи од работењето за првите девет месеци од 2020 год. изнесуваат 125,41 мил. денари и се намалени за 33% во однос на 2019 година.

    Негативниот финасиски резултат од работењето Друштвото го оставри во услови на глобална пандемијата на вирусот Ковид-19 и прогласена вонредна сосотојба во Државата во која согласно Одлуките на Владата  привремео беа затворени  сите угостителски објекти, границите и  аеродромите, а отажани беа сите туристички аранжмани.

    Деловната активност на Друштвото и во периодот од укинувањето на вонредната состојба на крајот на месец Јуни до крајот на извештајниот период е сведена на минимум во споредба со истиот период минатата година. Од тие причини со цел намалување на негативните ефекти од глобалната пандемија врз работењето и резултатите  на Друштвото, Управниот Одбор на почетокот на месец Јули донесе Одлука за времен прекин со деловна активност на Подружниците: Бест Вестерн Хотел Турист, Хотел Карпош и Хотел Водно, оваа Одлука ќе биде на сила се до создавањето на услови за нормално вршење на деловната активност.

    Македонијатурист АД Скопје како општествено одговрна компанија  се вклучи во борбата против ширењето на вирусот Ковид-19 со тоа што овозможи дел од нејзините сметувачки капацитети без надомест де се користат за сместување на лица спроведени во државен карантин организиран од Владата на РСМ.

    И покрај остварениот негативен финансиски резултат во деветте месеци од годината, финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност на Друштвото се на доста високо ниво.

    Имајќи ги во предвид напред изнесените податоци, а со оглед на тоа дека глобалната  здравствена пандемија сеуште трае и се одразува   негативноно на севкупното  работење на економиите во светот, а очекувањата се ваквата состојба да продолжи и во следниот период,  Друштвото се соочува со неизвесност во однос на условите за работа во својата дејност.

    Сето ова може да предизвика понатамошно намалување на финансискиот резултат на Друштвото, односно искажување на загуба во деловната 2020 година

    Сметководствени политики и методи на вреднување

    Во период од 01.01-30.09.2020 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во ревидираните финансиските извештаи на  Македонијатурист АД – Скопје.

    Дивиденда

    На ден 15.04.2020 година на Годишното собрание на акционерите на Друштвото одржано согласно вонредните услови во Државата преку писмена коресподенција одобрена е пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2019 година во износ од 92.393.994 денари. Дивидендата  за 2019 година е исплатена во законски определениот рок.

    Обврски по кредити

    “Македонијатурист” АД Скопје на 10.02.2020 година склучи долгорочен под-кредит преку “Шпаркасе Банка” АД Скопје од кредитната линија на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 300.000 Еур за набавка на нова опрема за своите објекти Хотел “Холидеј Ин” и Хотел “Белви” во Скопје.

    Инвестиции

    “Македонијатурист“ АД Скопје во текот на деветте месеци од  2020 направи нови вложувања во износ од 13.887.392 денари во градежни објекти, опрема како и за одржување на  постојната опремата во своите објекти.

    И покрај вонредната состојба во земјата Друштвото своите идни инвестициони активности  во континуитет ги насочува кон реновирање и модернизација на постојните хотелски и ресторански капацитети и кон подобрување на условите за работа, спроведување на нови законски регулативи и задолжително спроведување на нови стандарди за брендираните хотели и тековно одржување.

    Во извештајниот период Друштвото нема продажба и отпис на постројки и опрема.

    Вложувања во краткорочни хартии од вредност –удели во отворени инвестициски фондови во земјата

     “Македонијатурист“ АД Скопје во текот на 2020 година почнувајќи од 31.12.2019 година  до 30.09.2020 година има  вложено средства вкупни средства за купување на удели  во отворени  инвестициски фондови во Р.Македонија во вкупен износ од  15.420.406 денари.

    Вложувања во хартии од вредност расположиви за продажба

    “Македонијатурист“ АД Скопје во извештајниот период има нови вложувања во хартии од вредност во купување на обични акции кај други правни лица во РС.Македонија кои котираат на Македонска берза и тоа 2.000 акции во Комерцијална банка АД Скопје, 2.700 акции во ТТК Банка АД Скопје и 518 акции во НЛБ Банка АД Скопје  во вкупен износ од износ од 23.392.511,00 денари.

    Вложувања во долгорочни- хартии од вредност во обврзници-расположиви за продажба

    Друштвото во месец февруари од деловната 2020 година има нови вложувања во долгорочни- хартии од вредност во купување на корпоративна обврзница кај други правни лица во Р.Македонија кои котираат на Македонска берза и тоа 905 обврзници  од втората емисија на ТТК банка АД Скопје во вкупен износ од износ од 55.952.189,00 денари.

    Планирани активности

    Планираните активности на “Македонијатурист“ АД Скопје во 2020 год. се во согласност со сите законски регулативи, како и со стратегијата за развој на Друштвото. Тоа значи дека работењето на Друштвото се заснова на претходно предвидени активности со кои навреме се настојува и понатаму да се реагира на сите промени во окружувањето.Во услови на глобална пандемија на вирусот Ковид-19 основните активности на Друштвото и понатаму се насочени кон подобро искористување на хотелските капацитети, кај објектите кај кои постои можност за тоа и намалување на непродуктивните трошоци. Во таа насока да се делува на зголемување на остварениот промет и рационализација на трошоците во однос на претходните периоди, со цел  доколку постои можност да се делува на нив, како би се намалиле  негативните отстапувања во наредниот период од 2020 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично