ПОВЕЌЕ

    Македонија осигурување оствари позитивен финансиски резултат во износ од 35 милиони денари

    Време зa читање: 2 минути

    МАКЕДОНИЈА осигурување ад Виена Иншуренс Груп во периодот од јануари – јуни 2021 година, остварила позитивен финансиски резултат во износ од 35 милиони денари, стои во извештајот на Македонска берза.

    Во 2020 година во истиот период е остварен позитивен финансиски резултат во износ од 55 милиони. Категориите на приходи и расходи признати на датумот на известување се дадени подолу.

    Вкупната полисирана премија во износ од 541,3 милиони денари во однос на 2020 година е зголемена за 3.7 %. Истата е коригирана со преносна премија од 2020 година како приходна ставка и со преносна премија за 2021 година како расходна ставка. Вкупните приходи за посочениот период се намалени за 12 милиони денари споредено со 2020 година.

    Вкупните расходи во првото полугодие од 2021 во однос на 2020 година бележат
    зголемување од 2% или во износ од 7,6 милиони денари. Трошоците за настанати штети бележат зголемување од 35,5 милиони во однос на 2020 година.

    Друштвото во текот на деловната 2021 година нема промена на сметководствените
    политики споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи..
    Во текот на 2021 година Друштвото нема исплата на дивиденда. Друштвото нема проблем со ликвидноста и нема никакви кредитни задолженија.

    Во периодот од 01.01- 30.06.2021 Друштвото има 104% остварување, на планираниот обем на приходи по основ на премија за периодот.
    До крајот на годината Друштвото очекува остварување на поставените планирани цели.
    МАКЕДОНИЈА осигурување а.д. Скопје – Виена Иншуренс Груп е Друштво
    котирано на подсегментот задолжителна котација на Македонска берза и согласно
    глава VI од Правилата за котација преку СЕИ-Нет објавува квартални,
    полугодишни и годишни извештаи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично