ПОВЕЌЕ

    Македонија со најниски цени за живот, но и низок животен стандард

    Време зa читање: 2 минути

    Македонија заедно со земјите од регионот како Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Црна Гора и Турција е меѓу најевтините земји за живеење. Нашата земја е меѓу оние со најниски цени за производи и услуги што ги користат граѓаните, но и во редот на земјите во Европа со најнизок животен стандард.

    Според анализата што ја прави „Евростат“, цените меѓу производите и услугите кај европските земји бележат големи разлики, а особено голем јаз има меѓу цените кај рестораните и хотелите и кај цените на алкохолот и тутунот.

    Во 2019 година, пред мерките за ограничување што ги воведуваат земјите-членки на Унијата предизвикани од ширењето на ковид-19, цените на производите за широка потрошувачка и услуги значително се разликуваа во Европската Унија (ЕУ) поточно меѓу нејзините 27 земји-членки – наведува „Евростат“ во соопштението.

    Во Данска е забележано едно од највисоките нивоа на цените во Унијата и нејзината стапка изнесува 141 отсто, додека просекот во ЕУ е поставен на 100 проценти. Меѓу земјите со повисоко ниво на цени се и Ирска со 134 проценти, па Луксембург со 131 отсто, Финска со 127 проценти и Шведска со 121 отсто.

    На спротивната страна на скалата, речиси најниски нивоа на цените се лоцирани во Бугарија каде што индексот е 53 отсто, што е далеку под просекот во Унијата. На слично ново е и Романија, каде што цените на продуктите достигнуваат 55 проценти.

    Ваквата состојба укажува дека нивото на цените на потрошувачките производи и услуги во земјите-членки на ЕУ варира за скоро еден до три меѓу најевтината и најскапата земја – пишува „Евростат“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично