ПОВЕЌЕ

    Италијански мафијашки обврзници продадени на глобалните инвеститори

    Време зa читање: 2 минути

    Меѓународните инвеститори купувале обврзници стекнати од приходите од криминалот на најмоќната италијанска организирана криминална група, согласно финансиските и правните документи објевени од „Фајненшл Тајмс“.

    Според учесниците на пазарот, околу една милијарда евра од овие приватни обврзници им биле продадени на меѓународните инвеститори меѓу 2015 и 2019 година. Некои од обврзниците биле поврзани со лажни компании основани од калабриската мафијашка група „Ндрангете“, позната и како семејство Монталбано.

    Обврзниците биле главно создадени од неплатените сметки на италијанските јавни здравствени власти од компанија која им нудела медицински услуги.

    Обврзниците ги купила најголемата приватна банка во Европа, „Банка Генерали“. Раководството на банката, истакнало дека не биле свесни дека зад овие обврзници, стојат криминални активности, затоа што, како што велат, тие се потпирале на консултантски услуги на реномирани куќи кои вршеле проверка на портфолијата.

    Kалабриската мафијашка група „Ндрангете“, е помалку позната надвор од границите на Италија во споредба со сицилијанската мафија, но во последните две децении се развила до тој степен што станала една од најбогатите и најстрашните криминални групи. Вклучени се во трговијата со кокаин, перење пари, изнуда и шверц на оружје.

    Неодамна стотина мафијаши, членови на калабриската група „Ндрангете“, побарале и добиле социјална помош наменета за најсиромашните граѓани на Италија, кои ќе треба да ги вратат, соопшти италијанската полиција.

    Според калабриската полиција, меѓу 100те мафијаши кои добиле помош, има и многу богати луѓе блиски до „кумот“ на „Ндрангете“ кои имаат висока хиерархиска должност во организацијата. Меѓу корисниците на таа помош е и Алесандро Панунци, син на „италијанскиот Пабло Ескобар“ Роберт Панунци и зет на еден од главните колумбиски производители на кокаин, се наведува во соопштението, пренесува АНСА.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично