ПОВЕЌЕ

    Љубомир Михајловски – Џанго | Дали долговите на неплаќачите, ќе ги платат сите граѓани и фирми плаќачи?

    Време зa читање: 2 минути

    Дали долговите на неплаќачите, ќе ги платат сите граѓани и фирми плаќачи?

    Пред Уставен суд, втора рунда од битката да се укинат измените на законите за облигациони односи и за извршување.

    Адвокатите сметаат дека со овие измени, се врши упад во правниот систем, и дека се фаворизираат неплаќачите, наспроти совесните граѓани и фирми кои ги подмируваат своите долгови.

    Предупредуваат и дека сметката од застарување на долговите, на крајот ќе ја платат сите граѓани.

    Ставовите на адвокатите кои ги оспорија овие измени пред Уставен, ги бранеше претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски – Џанго.

    Поткастот најлесно ќе го најдете ако отидете на Јутјуб, во пребарување кирилично напишете ПАРИ и стиснете ентер. Секако, веќе кога не гледате, притиснете subscribe или ако вие на македонски, претплати, со што на нашата работа ни давате поддршка, а бие ништо не плаќате. Сите наши поткасти се бесплатни и се од јавен интерес и затоа се ваши, колку што се и наши.

    Денеска, четврток 11.04.2024год. во 12 часот премиерно на нашиот YouTube канал @parimedium 

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично