ПОВЕЌЕ

    LinkedIn ги испраќа скоро сите вработени на слободна недела

    Време зa читање: < 1 минутa

    Бизнис социјална мрежа за барање работа LinkedIn, од понеделникот ги испраќа скоро сите свои 15.900 вработени на вонреден одмор.

    Компанијата ја објаснува неделата на годишен одмор со својата намера да им овозможи на луѓето да се опорават откако поминаа повеќе од една година работејќи од дома во пандемија. АФП пренесува дека намерата на LinkedIn е да спречи пренапорна работа за своите вработени на работа.

    Додека сите други се на годишен одмор, само мал дел од работниците ќе продолжат да работат за да ја одржат социјалната мрежа во функција. По враќањето на другите, оние кои ја одржувале „фабриката“ претходната недела ќе одат на годишен одмор.

    „Има нешто волшебно кога целата компанија прави пауза во исто време“, одговори LinkedIn, додавајќи дека најдобриот дел е што повратниците нема да бидат пречекани од наплив на неодговорени емаил пораки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично