ПОВЕЌЕ

    Што ги разликува лидерите од менаџерите?

    Време зa читање: 3 минути

    За да изградите успешна организација, мора да имате мноштво луѓе кои имаат различни улоги за работата да се одвива непречено.

    Некои од тие улоги се лесно дефинирани, додека другите може да имаат некои збунувачки ограничувања, како на пример разликата меѓу лидерот и менаџерот. Вие можете да бидете и менаџер и лидер во исто време, но само затоа што сте феноменален лидер не гарантира дека ќе бидете одличен менаџер, и обратно. Тогаш, која е вистинската разлика?

    Во својата книга “On Becoming A Leader“, Ворен Бенис наведува неколку битни разлики меѓу лидер и менаџер. Тие се следните (надополнети со тие на Ген Вејд, основач и директор на University Flow, и на Петар Друкер):

    Лидерот иновира, менаџерот управува – ова значи дека лидерот е оној кој има нови идеи и ја движи организацијата нанапред и претставува личност која константно развива нови стратегии и тактики. Тој мора да има знаење од многу области и да ги следи трендовите. Од друга страна, менаџерот го одржува и управува со она што е веќе воспоставено. Тој ги разгледува крајните резултати и одржува контрола во случај да настане хаос во организацијата.

    Лидерот инспирира доверба додека менаџерот се потпира на контрола – Вејд вели дека лидерот е некој кој ги инспирира другите луѓе да даваат се од себе во работата и знае како правилно да го постави темпото на работа. „Лидерството не е нешто што само го правите – тоа е нешто што другите го прават како одговор на вашите упатства“, вели Вејд. Ако луѓето се согласат да направат нешто само затоа што вие сте ги инспирирале, тоа значи дека вие сте создале атмосфера на доверба во компанијата која е потребна особено ако бизнисот брзо се менува и луѓето треба да веруваат во неговата мисија. Друкер за менаџерите вели дека нивната работа е да одржуваат контрола врз работата на луѓето со тоа што ќе им помагаат и ќе ги изведуваат нивните најдобри таленти на виделина. За да биде тоа ефективно, тие мора да ги знаат луѓето со кои работаат и да ги разберат нивните интереси. Менаџерот создава „тим од луѓе преку одлуки за плаќање, дистрибуција, промоција и комуникација“.

    Лидерот прашува “што“ и “зошто“, а менаџерот “како“ и “кога“ –  За да можете да прашате “што“ и “зошто“, треба да можете да ги прашувате другите зошто одредени работи се случуваат – и тоа понекогаш подразбира поставување предизвик пред вашите претпоставени. „Ова значи дека тие се во позиција да се спротистават на погорното ниво на менаџмент кога мислат дека некаква акција треба да се превземе во компанијата“, вели Вејд. Ако вашата компанија доживува неуспех, задачата на лидерот е да настапи и да каже: „Што научивме од ова?“ и „Како може да ја искористиме оваа информација за да ги редефинираме нашите цели?“. Од друга страна, менаџерите не размислуваат за тоа што значи неуспехот. Нивната работа е да прашуваат “како“ и “кога“ и да го извршуваат правилно планот. Според Рукер, менаџерите прифаќаат статус кво, го знаат редот и плановите и се фокусираат на визијата на компанијата.

    Иако улогите се слични, „одличните менаџери се исто така лидери“, вели Вејд. „Можете да бидете и лидер и менаџер но ќе ви треба повеќе време“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично