ПОВЕЌЕ

    Летот со Нордвинд од Скопје за Москва ќе биде попладне, еве во колку часот

    Време зa читање: < 1 минутa

    Првиот лет на Нордвинд од Москва до Скопје е закажан за петок, 21-ви мај 2021 година, со време на поаѓање од меѓународниот аеродром Шереметјево во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на меѓународниот аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути. Времетраењето на летот е 3 часа и 25 минути.

    Летот од Скопје за Москва пак ке биде во 18часот и 10 минути, а ќе се стигнува во Москва во 22:35 минути, стои на страната на авиокомпанијата.

    Авиокомпанијата ќе лета само еден ден во неделата и тоа во петок.

    Цената на билетот во еден правец е 127 евра. Повеќе информации за цените, времето на поаѓање, достапноста на местата на летовите, како и резервација и продажба на авиобилетите на веб-страницата на Нордвинд: https://nordwindairlines.ru/ru

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично