ПОВЕЌЕ

    И во пандемија граѓаните купувале станови, ама штеделе на автомобили

    Време зa читање: 2 минути

    Според последните податоци на Народната банка за монетарните движења во земјава за месец феруари најголем дел од подигнатите кредити што им бил одобрени на физичките лица се потрошувачките и станбените кои бележат раст. На месечно ниво одобрувањето на потрошувачките кредити се зголемиле за 0,6 проценти, додека на годишно ниво на шест отсто. Кај станбените кредити, пак растот е уште поголем. На месечно ниво кредитите за станови се зголемиле за 1,2 проценти, а годишен раст бележат од 12,7 отсто.

    Поинаква е ситуацијата со автомобилските кредити. Овој месец побарувачката за кредити за автомобил остварила пад за 3,3% , додека дури за 13 проценти е намалено кредитирањето за купување на автомобили.

    Граѓаните затегнале и кај кредитните картички. Одобрени помалку кредити на кредитните картички, но и минусот на сметката им се намалил. Кредитите одобрени на кредитните картички, во февруари, бележат месечен и годишен пад од 2,3% и 9,2%, соодветно, додека негативните салда на тековните сметки се намалени за 1,5% и 9,3% на месечна и годишна основа, соодветно.

    Кај кредитите одобрени врз други основи, овој месец, е забележано месечно и годишно намалување од 1,0% и 6,7%, соодветно.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично