ПОВЕЌЕ

    „КРВАВИ ПАРИ“: Бритиш Петрол под удар на критики поради профитите од Роснефт

    Време зa читање: 4 минути

    Бритиш Петрол сака да добива „крвни пари“ преку своите инвестиции во Русија, предупреди водечкиот советник на претседателот на Украина. Олег Устенко изјави дека БП има право на стотици милиони фунти од својот удел во рускиот енергетски гигант Роснефт.

    БП соопшти дека повеќе не добива никаков профит од Роснефт. Компанијата тврди дека уште планира да го продаде својот акционерски удел во Роснефт, потег што го најави веднаш по руската инвазија на Украина.

    Руските енергетски фирми остварија големи профити оваа година, и покрај санкциите против земјата, бидејќи инвазијата на Украина и последователните санкции, ја зголемија цената на нафтата и гасот на глобалниот пазар. Роснефт е еден од најголемите производители на енергија во земјата. Нејзиниот претседател, индустријалецот милијардер Игор Сечин, владата на Обединетото Кралство го смета за „особено близок и влијателен сојузник“ на рускиот претседател Владимир Путин.

    Устенко, кој го советува украинскиот претседател Зеленски за економски прашања, му пиша на извршниот директор на Бритиш Петрол, Бернард Луни, барајќи од него да подготви план за да се осигура дека неговиот бизнис нема да профитира од војната. Во своето писмо тој напиша: „Ова се крвави пари, чисто и едноставно, надуени профити направени од убиствата на украинските цивили“.

    Пред руската инвазија на Украина, Бритиш Петрол имаше 19,75% од акциите во Роснефт. Во раните денови на конфликтот БП ги објави плановите да се ослободи од тој удел, се откажа од своите две места во управниот одбор на Роснефт и ја отпиша вредноста на инвестицијата на своите сметки.

    Сепак, БП останува акционер во Роснефт. Упатените тврдат дека процесот на распуштање е во тек, но е далеку од едноставен поради политичката ситуација.

    ПРОФИТИТЕ И НАТАМУ СЕ СЛЕВААТ

    Минатиот месец Роснефт ги објави плановите за исплата на дивиденда од 216 милијарди рубљи (2,9 милијарди фунти) на инвеститорите, покривајќи ги првите девет месеци од годината. Групата за кампања Глобал Витнес рече дека значи дека Бритиш треба да има право на 580 милиони фунти – сума за која тврди дека е еквивалентна на повеќе од една третина од директната финансиска помош досега обезбедена од Британија на Украина.

    Во своето писмо до извршниот директор на Бритиш Петрол, видено од Би-Би-Си, Устенко ја наведе оваа бројка и истакна дека поради тоа што БП е сè уште акционер на Роснефт, ѝ се должат парите. „Бритиш Петрол ќе ги добие овие пари на ограничена руска банкарска сметка, јасен показател за историската грешка што ја направи Вашата компанија – но сепак, БП ќе ја добие дивидендата“, напиша тој.

    Г-дин Устенко рече дека стратегијата на БП се чини дека е „да чека да помине бурата, враќајќи се на бизнисот како и обично кога војната ќе заврши“. Тој ја повикува БП, доколку ги добие тие профити, да формира фонд посветен на украинските жртви од војната.

    НЕМА ВРАЌАЊЕ

    Во соопштението, Бритиш Петрол вели рече дека сè уште планира да ја напушти Русија и дека нема намера да се врати на „вообичаеното работење“. КОмпанијата истакна дека веќе отпишала инвестиции во вредност од повеќе од 24 милијарди долари (20 милијарди фунти) и повеќе не известува за никаков приход од Роснефт, намалувајќи ја неговата наведена заработка за околу 2 милијарди долари годишно.

    „Од нашата одлука, БП нема добиено никаква дивиденда од акциите на Роснефт“, додаде БП. „Нашите сознанија зборуваат дека, според руските регулативи, какви било плаќања на компанија во „непријателска држава“ како што е Обединетото Кралство ќе одат на многу ограничена руска банкарска сметка, од која парите не може да се префрлаат без одобрение од руската влада“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично