ПОВЕЌЕ

    Ангеловска: Одобрени се бескаматни кредити за 117 фирми со 3 илјади вработени

    Време зa читање: < 1 минутa

    Преку втората линија бескаматни кредити за фирмите погодени од ковид-19 кризата одобрени се 2 милиони евра за 117 фирми во кои работат 3 илјади вработени, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на Фејсбук по повод денешните одлуки на Владата од областа на економијата.

    Одобрени се 2 милиони евра досега, со кои се поддржуваат: 58 микро, 43 мали и 16 средни компании – или вкупно 3.001 работни места. За оваа кредитна линија има огромен интерес од страна на компаниите. Барањата се обработуваат и процесираат од страна на Развојната банка, по што со одобрените се потпишуваат договори и се исплаќаат средства“, истакна Ангеловска.

    Кредитите од оваа кредитна линија изнесуваат од 3.000 до 90.000 евра, со 0 проценти камата и рок на отплата 3 години со 12 месеци грејс-период. Вкупниот износ на ковид-2 линијата е 8 милиони евра и за неа можеа да аплицираат фирми од сите дејности. Претходната линија бескаматни кредити ковид-1 е целосно доделена.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично