ПОВЕЌЕ

    738 фирми ќе добијат кредит од посебниот фонд за справување со ковид-кризата

    Време зa читање: 2 минути

    Владата ја задолжи Развојната банка да склучи договори за кредит со 738 фирми кои ги исполнуваат критериумите за кредити од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) со цел намалување на последиците од коронавирусот ковид-19, во вкупна вредност од 338,8 милиони денари, соопшти владината прес-служба.

    На денешната седница исто така е донесена Уредба со законска сила за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти од областа на индустријата во пост ковид- 19 периодот, со која се уредуваат видот, висината, условите, начинот и постапката за доделување финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на компаниите од областа на индустријата.

    Целта е, како што се објаснува, да се стабилизира и обнови нивната деловна активност како враќањето на изгубени пазари со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за заздравување на домашната економија, преку реализација на инвестициски проект во пост-ковид периодот во текот на март 2020 година до декември 2021 година, се вели во соопштението.

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично