ПОВЕЌЕ

    Креативен конкурс на Шпаркасе Банка и на Пакомак за чиста животна средина

    Време зa читање: < 1 минутa

    ШТЕДИ, КРЕИРАЈ, ПОБЕДИ!

    Ве известуваме дека започнува месецот на штедење! Во периодот од 01.10 – 31.10.2019 година. Шпаркасе Банка организира награден конкурс (акција) за промовирање на позитивните вредности од штедењето и подигнување на еколошката свест.

    Бидете креативни и создадете уметничко дело од пластика или од хартија на тема „штедење“, а Шпаркасе Банка ќе ги награди најдобрите дела со парични награди на штедна книшка. Пријавете се и учествувајте на креативниот конкурс за да се забавуваме и заедно да придонесеме за чиста и здрава иднина за сите!

    Креативниот конкурс е наменет за децата од градинките и од основните училишта, на тема „штедење“. За да се пријавите на конкурсот, потребно е да ни доставите фотографија од креативната творба на електронската пошта најдоцна до 31.10.2019 година.

    Доделувањето на наградите ќе биде на 10.11.2019 во емисијата „Ивце Пивце и другарите“.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично