
Обединетите Арапски Емирати го напушта ОПЕК, а тоа отвори дилеми дали најмоќниот нафтен картел почнува да се распаѓа. Енергетскиот експерт Митко Андреевски смета дека ова не е изолиран потег, туку дел од поширока геополитичка игра во која се прекројува глобалниот енергетски пазар. Според него, можно е да се создава нов енергетски блок околу Соединетите Американски Држави, во кој би влегле и Венецуела и Обединетите Арапски Емирати. Тој предупредува дека ОПЕК останува без сериозни играчи и дека светот влегува во период на нови енергетски турбуленции. Во поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов, Андреевски објаснува што стои зад оваа игра и што ќе се случува со цената на нафтата.
„Испаѓањето на Обединетите Арапски Емирати, повеќе ми личи од денешна перспектива дека е крај на ОПЕК. И дека ќе се формира нов круг, нов картел да го кажеме околу Соединетите Американски Држави во кој ќе учествуваат Венецуела и Обединетите Арапски Емирати.
Аналитика








