ПОВЕЌЕ

    Ковачевски најави 2,5 милиони евра за градинка во скопски „Пролет“

    Време зa читање: 2 минути

    По изминати 50 години, со вложување на околу 2,5 милиони евра, на територијата на Општина Центар се гради нова детска градинка. Објектот ќе зафаќа повеќе од 3.200 метри квадратни, со што градинката ќе биде најголема во државата, најмодерно ќе се опреми, а ќе има капацитет да згрижи 150 деца, рече премиерот Димитар Ковачевски, кој заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, беа на локацијата каде што се изведуваат градежните работи за новата градинка „Пролет“, што се гради во истоимената населба. Од ова се гледа, нагласи премиерот, што значи кога парите се насочуваат кон граѓаните, а не во инвестиции кои никому не му користат.

    Досега се завршени 40 проценти од градежните работи. Градинката ќе располага со девет занимални, со зелена површина на околу 2.000 квадратни метри, со надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попреченост во движењето и со лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движењето. Кујната ќе ги задоволува само потребите на градинката, со што децата ќе добиваат свежо приготвена и здрава храна. Предвидена е и просторија за лекар со можност за изолација на дете, како и просторија за стручни соработници.

    Според градоначалникот Герасимовски, проектот е овозможен со ревидирање на ДУП, односно  на местото каде сега се гради градинката била предвидена изградба на објект на локална самоуправа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично