ПОВЕЌЕ

    Ковачевски: Изградбата на коридорите отвора 8.000 работни места и ќе донесе нови инвестиции

    Време зa читање: 2 минути

    Изградбата на коридорите 8 и 10-д значи нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП за два проценти годишно во наредните пет години. Поврзувањето што го овозможуваат овие два коридори значи рамномерен регионален развој, подобрување на економското портфолио на државата, можности за подобра бизнис клима и можности за подобар економски регионален развој, посочи премиерот Димитар Ковачевски во парламентот, одговаеајќи на пратеничко прашање.

    „Ако го погледнеме регионот, најсиромашни се североисточниот и југозападниот регион на државата, бидејќи немаат квалитетна патна инфраструктура во последните 100 години. Трасите кои се градат, делниците, отвораат дополнителна можност за изградба на други објекти кои ќе бидат од областа на услугите, туризмот и од областа на голем број други дејности, кои инвеститорите ќе ги прават. И, се разбира, можност за привлекување нови странски инвестиции, бидејќи странски инвеститор таму каде што нема патна инфраструктура, не отвора голем стратешки инвестициски производствен објект“, додаде премиерот, нагласувајќи дека за прва како држава се поврзуваме кон запад и исток, а не како досега само север и југ, на кој само неколку фирми држеа монопол на транспорт.

    Притоа наведе, дека во последните 32 години во државата се изградени и пуштени 186 километри автопати или по 5,8 километри годишно. Со овој договор се предвидува изградба на околу 110 километри нови модерни автопатишта во следните пет години, или по 20 километри годишно.

    Првата исплата на овој договор, како што е соопштено, е за авансот за почеток на градежните работи.

    „Секој исплатен денар што ќе биде од државата кон Јавното претпријатие за државни патишта и потоа кон фирмата, ќе биде објавен на Отворени финансии и граѓаните ќе знаат точно за што се исплаќаат финансии“, тврди премиерот Ковачевски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично