ПОВЕЌЕ

    Ковачевски: Цената на струјата ќе се субвенционира, граѓаните нема да се соочат со ценовен шок

    Време зa читање: 2 минути

    Цената на електричната енергија и понатаму ќе се субвенционира од страна на Владата. Граѓаните, на тој начин, нема да се соочат со ценовен шок по први јули, кога Регулаторната комисија за енергетика ќе ја одреди цената на регулираниот пазар на струја, а која ќе важи во период од шест месеци, нагласи премиерот Димитар Ковачевски.

    Владата преку Буџетот субвенционираше 80 проценти од цената на електричната енергија во текот на целата грејна сезона минатата и оваа година, а според премиерот, така ќе биде и во иднина.

    Во Буџетот веќе се предвидени 250 милиони евра за антикризни мерки, со кои се опфатени и средства за цената на струјата, појасни Ковачевски од Богданци, каде што со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, присуствуваа на стартните активности за  реконструкција на водоводната мрежа.

    Освен тоа, премиерот потсети дека изминатата грејна сезона не само што мина без рестрикции и проблеми, туку во јануари се остварила и продажба на вишоци на електрична енергија на слободниот пазар, како резултат на зголеменото производство на струја за 40 проценти во државните капацитети на ЕСМ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично