ПОВЕЌЕ

    КОРОЗИВНИОТ КАПИТАЛ НЕ ДОАЃА СО „ФАНФАРИ“, ТУКУ СО ТАЈНИ ДОГОВОРИ

    Време зa читање: 2 минути

    Што е корозивен капитал и како преку навидум легални инвестиции може да се влијае врз институциите, политиката и економијата? Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Анамарија Велиновска од Институтот за демократија објаснува дека проблемот не е само од каде доаѓа капиталот, туку и начинот како влегува во државата. Директни преговори, специјални закони, суспендирање правила и создавање монополи се дел од механизмите преку кои една инвестиција може да стане закана за јавниот интерес. Се отвора и прашањето дали Македонија е доволно отпорна на вакви влијанија и дали институциите имаат капацитет да препознаат кога профитот се претвора во политичко влијание.

    „Значи, во пракса можеме да разликуваме два вида на ваков корозивен капитал. Првиот е оној што велиме е дека ги искористува слабостите на институциите кои што веќе постојат за да може да оствари поголем профит од тоа што е планирано. Или ги искористува институциите за да се прошири, да преземе цел еден сектор, да направиме монопол во одредена земја. Меѓутоа, крајната цел е да биде само одреден профит за таа компанија. И другиот вид на корозивен капитал е оној кој што крајна цел му е е да има некакво политичко влијание врз институциите и врз самиот јавен ред и поредок на таа земја. Меѓутоа, линијата помеѓу овие два вида на капитал е доста тенка.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично