ПОВЕЌЕ

    Ко-основачот на Гугл се развел од сопругата откако таа имала афера со Илон Маск

    Време зa читање: 5 минути

    Илон Маск минатата зима се впуштил во кратка афера со сопругата на Сергеј Брин, што го натерало коосновачот на Google да поднесе барање за развод на почетокот на оваа година и да стави крај на долгогодишното пријателство на технолошките милијардери, според луѓе запознаени со ова прашање, тврди Вол Стрит Џорнал, повикувајќи се на свои извори. Нивното несогласување е само еден од низата лични проблеми со кои се соочува Илон Маск дури и додека се справува со деловните предизвици, вклучително и производствените пречки во Tesla Inc.

    Маск е најбогатиот човек во светот, со проценето богатство од 240 милијарди долари, а Сергеј Брин е на осмото место во светот, со 95 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг. Брин и Маск беа долгогодишни пријатели. Господинот Маск изјави дека со години редовно преспивал во куќата на г-дин Брин во Силиконската долина. Брин му дал на Маск околу 500.000 долари за Тесла за време на финансиската криза во 2008 година, кога компанијата се бореше да го зголеми производството. Во 2015 година, Маск му подари на Брин едно од првите целосно електрични спортски возила на Tesla.

    Во последниве месеци, според познавачите на ова прашање, постои растечка тензија меѓу двајцата мажи и нивните тимови. Брин им наредил на своите финансиски советници да ги продадат неговите лични инвестиции во компаниите на Маск, рекоа некои од тие луѓе. Не можеше да се дознае колку се големи тие инвестиции или дали имало некаква продажба.

    Брин поднесе барање за развод од Никол Шанахан во јануари оваа година, наведувајќи ги „непомирливите разлики“, според записите поднесени во Врховниот суд на округот Санта Клара. Поднесокот за развод бил направен неколку недели откако г-дин Брин дознал за кратката афера, тврди Вол Стрит Џорнал, повикувајќи се на свои извори. Во времето на наводната врска на почетокот на декември, Брин и неговата сопруга биле разделени, но сè уште живееле заедно, според лице блиско до г-ѓа Шанахан. Во барањето за развод, г-дин Брин го навел 15 декември 2021 година, како датум на разделбата на парот.

    Адвокатот на Брин одби да коментира, Маск не одговори на барањето за коментар. Портпаролката на госпоѓа Шанахан, која води фондација фокусирана на репродуктивната правда, исто така не одговори на барањата за коментар.

    Околу 11 часа по овој напис објавен на интернет, Маск напиша на Твитер дека се работи за неточни тврдења, дека тој и Брин се пријатели, дека биле на забава претходната вечер и дека Шанахан ја сретнал само два пати во три години со други луѓе наоколу и дека тоа не било романтично.

    Во текот на изминатите два месеци, личниот живот на г-дин Маск привлече значително внимание. Тој е обвинет дека се удварал на стјуардеса во неговата воздухопловна компанија SpaceX, што тој го негираше; Публикацијата Business Insider објави дека тој имал две деца кон крајот на минатата година со жена извршен директор во друга компанија што тој ја коосновал, Neuralink; а едно од неговите 10 деца јавно го отфрли.

    Претходно овој месец, г-дин Маск се обиде да се повлече од договорот за купување на Твитер, велејќи дека компанијата не ги обезбедила потребните информации за да се процени распространетоста на лажни или спам сметки. Твитер соопшти дека силно се потрудиле за да ги обезбедат информациите и го тужеше Маск за да го принуди да го испочитува договорот. Судот во Делавер се согласи на забрзано судење во октомври.

    Според Вол Стрит Џорнал, аферата на сопругата на ко-основачот на Гугл со Илон Маск се случила на почетокот на декември 2021 година, на настанот Арт Базел во Мајами, велат тие луѓе. Арт Базел е повеќедневен, годишен фестивал кој привлекува богати присутни од целиот свет. На една забава потоа, Маск паднал на едно колено пред Брин и се извинил за случката, молејќи за прошка, пишува весникот, повикувајќи се на сведоци на инцидентот.

    Сергеј Брин, наводно, го признал извинувањето, но сè уште не зборува со Маск, рекоа тие луѓе.

    Наводната врска се случила откако г-дин Маск се разделил со својата девојка, пејачката Грајмс, во септември. Г-дин Брин и г-ѓа Шанахан сега се вклучени во посредување за развод, а г-ѓа Шанахан бара повеќе од една милијарда долари, според луѓе запознаени со преговорите.

    Двете страни допрва треба да се договорат, а страната на г-дин Брин тврди дека г-ѓа Шанахан бара многу повеќе отколку што ѝ дава право на нејзиниот предбрачен договор, велат луѓето. Страната на г-ѓа Шанахан тврди дека нејзиното барање е само мал дел од богатството на г-дин Брин од 95 милијарди долари и дека таа го потпишала предбрачниот договор под принуда додека била бремена, велат луѓето.

    Сергеј Брин, ко-основачот на Гугл, заедно со Лери Пејџ во 1998 година,е заслужен за создавањето на  една од највредните компании во светот. Тој и Пејџ се повлекоа од раководството на Alphabet, фирмата која сега е сопственик на Гугл во 2019 година, но и двајцата остануваат во одборот.

    Брин денес раководи со семејна фондација вредна 4,4 милијарди долари која поддржува каузи како што се образованието и истражувањето на Паркинсон, и е поврзан со стартап авион наречен LTA Research and Exploration. Моментално пишува учебник по физика.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично