ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка отвори нова модернизираната експозитура

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка отвори нова модернизираната експозитура во ТЦ Бисер во населбата Аеродром, Скопје. Новата експозитура поседува дел кој е на ваше располагање 24 часа во денот, секој ден од годината и е опремен со банкомати и најнов дигитален киоск за безготовинско плаќање.

    Тука ќе можете во кој било дел од денот да подигнувате или да внесувате готовина, да вршите замена на евра во денари, да плаќате сметки за јавните услуги, како и да испечатите извод од трансакциска сметка на физичко лице за која имате претплата на Интернет банка.

    Секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, да отворите трансакциска сметка во денари или во девизи, да извршите плаќање во земјата и странство, да спроведете брз трансфер на пари и менувачко работење.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично