ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка претставена на хрватските инвеститори: Статусот на акцијата показ за стабилност и успех

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка АД Скопје е меѓу најтранспарентните котирани компании на Македонската берза, со акција која е рангирана во најтргуваните топ пет. Со тој статус го заслужи вниманието на хрватските инвеститори, пред кои беа презентирани потенцијалите на најголемата македонска банка, во рамки на настанот „Денови на македонскиот пазар на капитал“.

    Можностите ги претстави Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор. Хрватските инвеститори се запознаа со успешното работење, транспарентноста и професионалната одговорност на Банката. За што најголема потврда е акцијата, чие место е на врвот според интересот што го предизвикува и согласно бројот на реализирани трансакции. Тоа, пак, произлегува од довербата на инвеститорите на домашниот пазар на капитал, кои ги препознаваат врвната корпоративна култура и одговорното деловно работење на Банката.

    Комерцијална банка е и првата компанија во земјава која своето корпоративно управување го усогласи со Кодексот за корпоративно управување на котираните акционерски друштва на Македонската берза.

    Настанот „Денови на македонскиот пазар на капитал“ е во организација на Македонската берза и Загребската берза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично