ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка: Од 19 февруари нови услови за користење платежна сметка

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка направи измени и дополнувања на општите услови за користењето платежна сметка и за платежните услуги за граѓаните. Ќе се применуваат од 19 февруари идната година. Општите услови се јавно објавени и клиентите може да ги прочитаат на веб страницата на Банката.

    Со нив се регулира отворањето, управувањето и затворањето на платежната сметка, заедно со правата и обврските на Банката и на физичките лица. Исто и условите и начините на плаќање услуга, на извршување платежни трансакции, работење со дебитни картички, процесирање на платежни трансакции, електронско банкарство, начин на комуникација, пресметка на надоместоци и камати поврзани со платежните услуги и производи… Сето ова е според Законот за платежни услуги и платни системи.

    Платежна сметка се отвора без надомест, во брза и едноставна постапка, на шалтер или онлајн со OneID. По што за сопствениците стануваат достапни бројни финансиски производи и можности, како дозволено пречекорување и користење на услугата траен налог.

    Преку платежната сметка се извршуваат платежни трансакции. Што значи, се евидентираат сите денарски трансакции што се реализираат со користење на платежните услуги – налози дадени на банкарските шалтери, трансакции преку Интернет банка/мБанка, со дебитна картичка или преку траен налог.

    Платежна сметка може да отвори секој граѓанин – државјанин на Македонија, но и странци, кои согласно законската регулатива имаат третман на резиденти и поседуваат лична карта за странец издадена од МВР. Исто така, и малолетно и лице на кое му е одземена деловната способност, а кои согласно законските одредби пред Банката ги застапува законски застапник, односно старател и слепо лице со присуство на двајца сведоци.

    Со парите од платежната сметка, клиентите можат да располагаат преку шалтерите на Банката – готовински уплати и исплати, безготовински пренос на средства на други сметки. Потоа со дебитна картичка за плаќања и за подигање готовина преку широката мрежа банкомати во земјата и во странство. Исто така и преку Интернет банка и мБанка – за постојан увид во состојбата на сметката и вршење безготовински трансакции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично