ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка: Не споделувајте информации преку е-пошта, има обиди за злоупотреба на личните податоци

    Време зa читање: 2 минути

    Клиентите да бидат особено внимателни, кога во порака испратена преку електронска пошта, а во име на Комерцијална банка, од нив се бара да споделат лични податоци или да пристапат кон некаква активност.

    Во предупредувањето од Банката се наведува дека со цел максимална заштита на личните податоци на своите клиенти, никогаш не бараат лични и доверливи информации, ниту активирање услуги преку електронска пошта или кликање на линк.

    Воедно, даваат и појаснување како клиентите да препознаат дека се работи за обид за злупотреба на лични податоци, т.н. phising e-mail порака.

    „Се бара да кликнете на линк (пр. за ажурирање на вашата корисничка сметка).

    Се бара да внесете корисничко име, лозинка, PIN на картичка, матични броеви или други доверливи лични податоци

    Целта на овие пораки е злонамерна (прибирање дигитални детали за лична идентификација и/или инсталација на злонамерен софтвер) и затоа треба да ги игнорирате. За ваша безбедност, секогаш кога пристапувате на дигиталните сервиси на Комерцијална банка, осигурете се дека адресата во address bar-от на пребарувачот е на Банката, односно https://kb.mk/; https://www.banka.com.mk/ или https://apliciraj.kb.mk/“.

    Исто така, од Комерцијална банка им препорачуваат на клиентите – доколку се посомневаат во обид за злоупотреба на податоците, случајот веднаш да го пријавате на [email protected], или со повик на Контакт центарот – 02 / 3296 800.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично