ПОВЕЌЕ

    [Галерија] Комерцијална банка горда на своите маратонци

    Време зa читање: 3 минути

    Со одличен настап на 16-от Виз Ер Скопски маратон, 24 вработени од Комерцијална банка АД Скопје уште еднаш потврдија дека упорноста и вербата во себеси и во своите способности е гарантирана формула за успех. Учесниците од Комерцијална банка, годинава во уште поголем број од лани, се натпреваруваа во сите дисциплини: маратон, полумаратон и штафетен маратон.

    Миомир Алексовски забележа 10-то најдобро време и личен рекорд (01:21:14) на полумаратонот во машка конкуренција, а беше 7-мо пласиран меѓу домашните натпреварувачи. Маратонецот Бобан Нефовски оствари одлично време од 3:07:07 во маратонската трка на 42 километри и го освои 11-то место во генералниот пласман.

    Во машката штафет, екипата на “Комерцијална банка 1“ го освои 11-то место во состав Ивица Бошков, Иван Гиновски, Горан Кузмановски и Ристо Чолас.

    На Виз Ер Скопски маратон годинава поради пандемијата имаше помал број учесници, односно беа присутни 2.000 натпреварувачи.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично