ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка повторно во друштво на најдобрите FX провајдери во светот

    Време зa читање: 2 минути

    „Global Finance“ ја награди Комерцијална банка за најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Република Северна Македонија за 2022 година.

    Комерцијална банка АД Скопје по 11. пат се најде во друштво на најдобрите FX провајдери во светот, избрани од угледниот меѓународен магазин „Global Finance“. Магазинот, со седиште во Њујорк, ја награди Комерцијална банка за најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Република Северна Македонија за 2022 година.

    Изборот за најдобар „FX Провајдер“ на финансиските пазари во Северна Македонија е направен врз основа на неколку критериуми, кои вклучуваат: големина на трансакции, пазарно учество, обем на глобална покриеност, ниво на услуга кон клиентите, конкурентни цени и користење иновативни технологии.

    „Актуелните нарушувања во прекуграничната трговија и глобалните канали за набавка, предизвикани од пандемијата, ја истакнуваат значајноста на супериорните FX партнери. Овие награди се во чест на банките со силни FX оддели, кои најдобро ги водат своите клиенти низ турбулентните и непредвидливи времиња“, изјави Џозеф Д. Џиарапуто, издавач и уреднички директор на „Global Finance“.

    Годинашните награди од „Global Finance“, кои се доделуваат 22. година по ред, се во чест на Гордон Плат, кој почина во 2020 година, а со години беше главниот носител на програмата за доделување на наградите за најуспешно работење во доменот на тргување со финансиски инструменти во над 100 земји во светот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично