ПОВЕЌЕ

    Колку злато има останато во светот?

    Време зa читање: 2 минути

    Минатиот месец цената на златото достигна рекорд, искачувајќи се над 2.000 долари.

    И додека зголемувањето на цените беше условено од трговците со злато, се поставува прашањето за снабдување на овој благороден метал, како и кога тој веќе нема да го има.

    Побарувачката за злато е голема затоа што златото се гледа како на инвестиција, статусен симбол, но и затоа што е една од клучните компоненти во многу електронски уреди.

    Сепак, златото е исто така ограничен ресурс и во одреден момент ќе се случи повеќе да го нема во рудниците.

    „Врв“ на златото

    Експертите зборуваат за концептот на „врв“ на злато – кога златото ќе се извлече од рудникот што е можно повеќе. Некои веруваат дека веќе сме ја достигнале таа точка.

    Во 2019 година, производството во рудници за злато изнесуваше 3.531 тон, што е за еден процент помалку од претходната година, според “Светскиот совет за злато” ова е, всушност, прв пат да се намали производството од 2008 година.

    „Додека производството во рудниците може да забави во следните години, бидејќи постојните резерви се исцрпуваат и новите депозити стануваат исклучително ретки, велејќи дека производството веќе достигнало врв, сепак може да биде малку предвремено“, рече Хана Брандстетер, портпарол на Светскиот совет за злато. .

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично