ПОВЕЌЕ

    Кој може да патува во Грција ова лето?

    Време зa читање: 2 минути

    Туристите кои сакаат да ја посетат Грција ова лето мора да се вакцинирани, да имаат антитела или негативен тест за коронавирус, ова го изјави грчкиот министер за туризам Хари Теохарис.

    Туризмот е еден од главните извори на приходи за грчката економија, и Грција нема да може да си дозволи уште една ‘’промашена’’ туристичка сезона,  па затоа таа е меѓу земјите кои најмногу го притискаат Брисел да воведе сертификати за вакцинирање. Теохарис вели дека Грција планира да ја почне својата летна сезона во средина на мај.

    „Грција е подготвена за лето 2021 со комплетен протокол. Туристите ќе бидат добредојдени ако пред доаѓањето се вакцинирани, имаат антитела или негативен тест за коронавирус. Туристите исто така ќе бидат подложени на тестирање по случаен избор“, кажа Теохарис во обраќањето на трговскиот саем „ИТБ“ во Берлин.

    Грција има воведено карантин во неколку делови од земјата со цел да го спречи ширењето на коронавирусот откако зголемувањето на бројот на нови случаи значително го притисна здравствениот систем.

    Во текот на денешниот ден се регистрирани 3.215 нови случаи, најмногу од почетокот на годината, како и 46 починати од ковид-19. Регионот Атика е најпогоден, каде што се пополнети 90% од болничките капацитети.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично