ПОВЕЌЕ

    Кој е Смиљан Мори? – Пробудете го милионерот во себе

    Време зa читање: 4 минути

    Смиљан Мори доаѓа во Македонија, еден од најдобрите мотивациски говорници во регионов и пошироко!

    Кој е Смиљан Мори?

    За Смиљан Мори и неговиот пат кон успехот може да научите многу од неговите книги, но за успех во вашиот живот, потребно е да ги слушнете неговите размислувања. Г-дин Мори доаѓа во Скопје на 20 октомври во хотел Хилтон од 10.00 до 18.00 часот и ќе одржи мотивациски говор на тема „Пробудете го милионерот во себе“. Пријавувањето за настанот можете да го направите на следниот линк: „Пријава“.

    Смиљан Мори е дипломиран правник по образование, а според многумина кои го доживеале во живо, тој е еден од најталентираните и перспективни мотивациони говорници на денешницата.

    За само една година, тој се претвори од анонимен бизнисмен во еден од најбараните меѓународни говорници.

    Илјадници луѓе присуствуваат на неговите предавања и семинари во Русија, Казахстан и Украина. Тој, исто така, стана најпродаван коавтор на „Wake Up and Live the Life You Love in America“, со признати меѓународни автори како Марк Виктор Хансен, Вејн Дајер, Роберт Ален и мн. други.

    Смиљан Мори на излагањето во Скопје на присутната публика ќе и даде многу совети за тоа како е можно да се стане милионер. Неговиот говор ќе опфати многу теми од областа на парите, богатството, успехот…

    Г-дин Мори вели дека причината поради која не сте богати не е таа на која прво помислувате. Не зависи од надворешни фактори. Многу луѓе се збогатиле или го зголемиле своето богатство токму за време на најголемите економски кризи. Зошто? Една од причините е стравот и уверенијата за парите. Во целост ќе го ТРАНСФОРМИРА вашиот начин на размислување. Ќе ги сруши негативните уверенија за парите кои сте ги добиле од своите родители и ќе изградите нови! Доволно ни се лоши навики, страв и стрес поврзани со парите. Со вас ќе ги сподели своите лични искуства со кои ќе се идентификувате, а ќе дознаете и како станал милионер. А, ќе видите и дека секој може да го постигнете тоа!

    Мори вели дека најдобро е да се учи од човек, кој и самиот поминал по сличен пат и постигнал успех! Сé е можно! И сé започнува во нашите мисли и уверенија!

    Исто така, тој е автор на бројни стручни статии од областа на продажбата, мотивацијата, управувањето, здрав начин на живот, кои ги објавуваат стручни списанија како што се: Претприемач, Рина и други.

    Неговата филозофија на животот е:

    „ИНФОРМАЦИИТЕ БЕЗ МОТИВАЦИЈА НЕ ЗНАЧАТ НИШТО, ЗАТОА ДЕЛУВАЈТЕ!“

    Мори знае што значи да се постават цели и да се направи план за нивно исполнување. Илјадници луѓе присуствуваат на неговите мотивациски семинари. Тој е првиот што собра повеќе од 650 луѓе на семинар за мотивација на личноста во Словенија.

    Своето детство го поминува во малото село Ожбалт во Словенија. Тој е награден со Најдобар студент на 21-та генерација од тогашното полициско училиште. Исто така, станал и најдобар студент на Вишата школа за внатрешни работи и еден од подобрите дипломирани студенти на Правниот факултет во Љубљана, но никогаш не се занимавал со правото. Во 20 години кариера гради империја во доменот на говорништво и коучинг. Неговите клиенти се светски познати бизнисмени, професионални спортисти и ѕвезди. Во живо настапувал пред повеќе од 300.000 луѓе од 50 држави ширум светот. Неговите бројни совети на социјалните мрежи секојдневно им помагаат на повеќе од 500.000 луѓе.

    Огромен дел од својата кариера ја посветува на продажба на финансиските производи и горд е на сите негови клиенти – компании кои само за 10 години остваруваат над 50 милиони евра промет.

    Има напишано 10 книги на 4 различни јазици и тоа со причина, да инспирира, мотивира и помага на луѓето да ги совладаат сопствените ограничувања што ги делат од успехот во животот.

    Повеќе за Смиљан Мори на неговиот блог на следниот линк: „O meni – Smiljan Mori“

    Пријавете се за настанот „Пробудете го милионерот во себе“ што ќе се одржи во хотел Хилтон, Скопје на 20 октомври на следниот линк: „Пријава“.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично