Владата на Република Македонија ja објави листата со имиња на компании на кои им била исплатена државна помош за минимална плата а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени.
Се работи за над 700 компании што било утврдено дека не ја исполниле обврската да дадат минимални плати за април и мај.
Државата претходно исплати околу 79 милиони евра на околу 20.000 македонски компании за над 10.000 вработени, но според УЈП околу 2 милиони не стигнале до вработените, односно нецелосна била исплатата на отприлика секоја седма помогната фирма.
Целосната листа може да ја погледнете на следниот линк: https://vlada.mk/node/22164