
Пазарните падови често создаваат паника кај инвеститорите, но истовремено отвораат можности за влез по пониски цени. Клучно е да се направи разлика помеѓу краткорочни шокови и долгорочни фундаментални трендови. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Горан Марковски од КБ Инвест објаснува како гледа на пазарните корекции и кога почнува да инвестира. Според него, дисциплината и изборот на квалитетни компании се клучни за долгорочен успех. Намалувањето на цените може да биде шанса, но само ако инвестицијата се базира на реални вредности.
„Во вакви околности, мое лично правило е дека кога пазарите се соочуваат со нестабилност, дали таа потекнува од економскиот циклус, кој што да речеме соочен со криза, предизвикана со рецесија, или пак војни шокови, исто онаа објава на тарифи од лани и така натаму. Значи почнете да инвестирате кога пазарите ќе паднат 10 – тина %. Мое лично правило е дека од таму почнете. Ако имате 100 единици, 20 до 30 единици, почнете на минус 10% да ги вложувате. Тоа сметам, во компании кои што се здрави, кои што се перспективни, кои што имаат вредност, не се базирани на нереални очекувања, имаат ниски стапки на задолженост и имаат потенцијал за раст и прогрес и понатаму.“
Аналитика








