ПОВЕЌЕ

    Кога е испратена првата СМС порака и што пишувало на неа?!

    Време зa читање: < 1 минутa

    ,,Честит Божиќ” е содржината на првата испратена СМС порака во светот. Била примена на 3 декември 1992 година преку мрежата Водафон од страна на тогашниот директор на оваа телекомуникациска компанија.

    Токму првата СМС порака во светот денеска се најде на аукциска продажба во француската аукциска куќа Агут.

    Сега СМС-пораката оди на лицитација како дигитален код. Станува збор за Non-Fungible Token (NFT), односно во превод незаменлив токен или жетон. Тоа е криптографски заштитен дел од блокчејн (база на податоци која не се наоѓа на едно место, туку ја сочинуваат помали бази, или блокови, кои се меѓусебно дигитално поврзани, а кои содржат информации за дигитални трансакции од каков било вид).
    НФТ е осмислен да претставува нешто единствено. Создаден е како средство за чување на вредноста и како лесно проверлив доказ за сопствеништво над други единствени облици на дигителен или „аналоген“ имот, како што се уметнички дела, колекционерски предмети и слично.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично