ПОВЕЌЕ

    Книги кои ќе ти помогнат да бидеш ПРОАКТИВЕН во твојата кариера

    Време зa читање: 2 минути

    Читањето книги покрај тоа што го збогатува речникот, ни го потполнува времето ни нуди и вештини кои можат да помогнат во развој на кариерата.

    1. Мисли и збогати се.

    Во неа ќе научиш за ОГНЕНАТА ЖЕЛБА, ЗА УПОРНОСТА КОЈА СЕКОГАШ СЕ ИСПЛАЌА. КАКО ДА НАПРАВИШ ШЕМА ЗА ПРОНАОЃАЊЕ ЗА ПОДОБРА РАБОТА И ДА НЕ СЕ ОТКАЖУВАШ ОД СВОИТЕ СОНИШТА.

    1. Начинот на волкот од Волстрит.

    Таа ќе те научи како да најдеш нови клиенти во работата, како да го зголемиш нивото на болка《потреба》за производот или услугата што ја нудиш. Исто така оваа книга ќе те научи како умерената, облека, накит и однесување може да ти донесе нови клиенти и на кој начин да ги препознаваш маргинализираните таргет групи за кои е наменет производот, услугата.

    3. Богат татко сиромашен татко.

    Оваа книга ќе те научи како да работиш за себе и како правилно да инвестираш. Исто така оваа книга ќе те научи и кои се разликите меѓу проактивните и пасивните кои инвестираат вонедвижности.

    4. Среќно семејство.

    Во овој наслов Робин Шарма ни покажува дека и работењето од дома може да биде ефикасно ако сме проактивни и добро организирани.

    5. Кој го здипли моето сирење?

    Овој невообичаен наслов преку напишана басна во која животните и луѓето заедно живеат јасно ни дава до знаење дека треба да бидеме проактивни доколку сакаме да имаме се што ќе посакаме. Преку четирите ликови во книгата се претставени проактивните и оние кои чекаат богатството да им дојде без работа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично