
Гевгелија, 30 мај 2026 година – Со еуфорична атмосфера и музички спектакл на светски познатиот Кирил Џајковски, вчеравечер кулминираше вториот ден од големото отворање на МЕГА Шопинг Парк во Гевгелија. По официјалниот протокол со државниот врв, комплексот привлече рекордна бројка од над 15.000 посетители, потврдувајќи го статусот на нова елитна дестинација во регионот.

Целодневната програма понуди содржини за сите генерации, започнувајќи со забавни активности за семејствата каде најмладите уживаа во дружбата со Стела и Сани, парадата со маскоти и возбудливото тркало на среќата.


Вечерта помина во знакот на енергичниот настап на диџеј Никифор, а кулминираше со светски познатиот звук на Кирил Џајковски кој приреди аудио-визуелен спектакл и го преполни целиот капацитет на паркот.


МЕГА Шопинг Парк е иновативен комплекс кој се простира на над 20.000 квадратни метри и обединува повеќе од 50 светски и домашни брендови. Посетителите имаа можност целосно да ги искусат внимателно поделените сегменти, почнувајќи од импресивната Fashion зона на 12.000 квадратни метри каде се сместени: New Yorker, LC Waikiki, Sinsay, Sport Reality, Intersport, Koton, Sara Fashion, Фан Ди Каро, Bonatti, Duki Daso, My Time, Optika Sfera, Mix Box и Naya.
Понудата продолжува со специјализираната Home Decor и DIY зона на 5.000 квадратни метри преку реномираните Jysk, Pepco, Sara Home, Comodita, Home+ и Office Plus. Забавниот дел е предводен од Bo Bowling & Gaming Arcade, која на импресивна површина од 2.500 квадратни метри претставува најголема зона од овој тип во регионот. Трговскиот дел е заокружен со капацитетите на Сетек, Тинекс, Зегин, ДМ, Жан Митрев, Skin Clinic и NEST 24/7.
Посебен дел од искуството беше зоната Gourmet Avenue, која понуди уникатно гастрономско уживање со брендовите KFC, Baking Bread, Gyro House, Wall Street и Velvet Bar & Kitchen. Како предводник на модерните трендови и одржливоста, паркот го претстави и својот Smart & Eco сегмент со 12 брзи полначи за електрични возила.
Целиот овој концепт на модерно пазарување и масовни настани го потврдува новиот идентитет на МЕГА Шопинг Парк како дестинација од регионален формат која во иднина ќе го направат овој комплекс централно место за посетителите од целиот регион.
Аналитика








