Бројот на милијардери постојано расте во Кина благодарение на зголемувањето на вредноста на акциите на кинеските берзи и зголемениот број на компании кои тргуваат на берзи.
Кинеската листа на најбогати во 2020 година, и богатствтото од каде што е стекнато, се повеќе се оддалечува од традиционалните индустрии како што се недвижнини и производство и се преориентира кон трговија преку Интернет, висока технологија и други иновативни индустрии, објави Ројтерс.
Личното богатство на Џек Ма, најбогатиот Кинез и основач на платформата Алибаба трета година по ред, се зголеми за 45% и изнесува 58,8 милијарди долари.
Според Руперт Хугверф, првиот човек на кинеската листа Хурун, вкупното богатство на кинеските милијардери се проценува на околу 4 милијарди долари, што е повеќе од германскиот БДП.
Само вкупното богатство на американските милијардери е поголемо од комбинираното богатство на најбогатите Кинези.