ПОВЕЌЕ

    Кинеските милијардери заработиле 223 милијарди долари во 2020 година

    Време зa читање: 2 минути

    Младите кинески милијардери се здобија со рекордно комбинирано богатство од над 223 милијарди долари оваа година, во време кога светот се бори со најтешката економска криза во последните неколку децении, според најновите податоци од списокот на богаташи, Хурун репорт.

    Кина имала 60 милијардери на возраст под 40 години во 2020 година, според податоците на Хурун репорт, кои ги пренесе американската телевизија Си-Ен-Би-Си.

    Оваа година се забележува значителен раст на залихите од областа на технологијата, што им го отвори патот на многумина да растат среде пандемија.

    Така, вкупниот број кинески милијардери се зголеми на 878, со вкупно богатство од повеќе од четири трилиони долари.

    Кина имаше 189 милијардери во 2010 година, потсетува CNBC.

    „Светот никогаш нема видено толку многу богатство создадено за само една година. Кинеските претприемачи поминаа многу подобро отколку што се очекуваше. „И покрај пандемијата, тие успеаја да достигнат рекордно ниво“, рече Руперт Хугверт, претседател на „Хурун репорт“.

    На врвот на листата е 39-годишниот Хујан Јанг, кој важи за најбогата жена во Азија со богатство од 33,1 милијарди долари, пренесува Танјуг.

    Таа е мнозински акционер на „Кантри гардем“, компанија за развој на недвижнини основана од нејзиниот татко во 1992 година, пренесува американската телевизија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично