ПОВЕЌЕ

    Кина го забави растот на производството

    Време зa читање: 2 минути

    Растот на производството на кинеската фабрика стагнирашe во април, а продажбата на мало не ги исполни очекувањата.

    Кинеските власти предупредуваат за нови проблеми кои ќе влијаат на закрепнувањето на втората по големина економија во светот.

    Иако кинеските извозници бележат голема побарувачка, “тесните грла” во синџирите на снабдување и зголемувањето на цените на суровините вршат притисок врз производството и го забавуваат економското закрепнување од минатогодишниот пад предизвикан од Ковид пандемијата.

    Фабричкото производство се зголеми за 9,8 проценти во април во однос на претходната година, што е помалку за 14 проценти од месец март, покажуваат податоците на денешното Централно биро за статистика (НБС).

    Трговијата на мало се зголеми за 17,7 проценти минатиот месец, значително ослабена во споредба со 34,2 проценти во март.

    Портпаролот на НБС, Фу Лингви, рече дека, доколку кинеската економија продолжи да напредува по април, би се  очекувало да се појават нови проблеми и тој особено го спомна растот на светските цени на суровините.

    За компаниите, зголемувањето на цените е одговорно за зголемување на корпоративната продуктивност, но не треба да заборавиме на притисокот што го зголемуваат цените врз преработувачката индустрија.

    Инфлацијата на фабричките цени го достигна највисокото ниво од октомври 2017 година во април, што може дополнително да се зголеми во вториот и третиот квартал, како што предупреди централната банка минатата недела.

    Во фабричкиот сектор, растот на производството на моторни возила падна на 6,8 проценти од 69,8 проценти како резултат на акутен недостиг на полупроводници.

    Сепак, во првиот квартал од 2021 година, Кина оствари раст на бруто домашниот производ од рекордни 18,3 проценти, а многу економисти предвидуваат дека во тековната година, економската експанзија ќе надмине 8,0 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично