ПОВЕЌЕ

    КХВ објави Конкурс за најдобар труд од областа на пазарот на капитал за 2022

    Време зa читање: 2 минути

    Заради афирмација на улогата на пазарот на капитал, како и поттикнување на истражувањата и развојот на научната мисла особено кај младите, Комисијата за хартии од вредност  како  регулатор  на пазарот на капитал објави Конкурс за најдобар труд од областа на пазарот на капитал за 2022 година.

    Учесници можат да бидат младите на возраст до 35 години, кои своите трудови треба да ги поднесат најдоцна до  31 март, 2023 година .                                    

    Комисијата за хартии од вредност  како награда за најдобриот труд ќе додели:

    • годишна награда за прворангираниот труд (прва награда) во висина од 35.000,00 денари, нето
    • втора награда во висина од 25.000,00 денари, нето, и
    • трета награда во висина од 15.000 денари,нето.                                  

    Тргнувајќи од заложбите за зајакнување на финансиската писменост и институционалната општествена одговорност, од сите аспекти на своето делување, Комисијата за хартии од вредност по четврти пат во својата Годишна  програма за работа  , предвидува награда за најдобра сторија на тема од пазарот на хартии од вредност .

    Оваа програмска цел веќе  прерасна во традиционална активност со која Комисијата за хартии од вредност се насочува и ги мотивира младите автори да истражуваат и да пишуваат за пазарот на капитал, со што истовремено се подига и степенот на финансиска писменост кај оваа популација.

    Конкурсот за најдобар труд  е објавен на веб страната на Комисијата за хартии од вредност на македонски и на албански јазик на следниот линк: https://www.sec.gov.mk/Vesti-govori-intervjua/Godishna-nagrada-za-najdobar-trud-za-2022-godina

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично