ПОВЕЌЕ

    КХВ им ги врачи годишните награди на младите истражувачи

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комисијата за хартии од вредност постојано дава поддршка за истражувачката активност и придонесува за унапредување на знаењето и поттикнување на научната и креативната мисла. Нашата цел е да ги поддржиме младите да создаваат нови идеи и иновативни решенија за предизвиците на пазарот на капитал, нагласи претседателката на КХВ, Нора Алити, при доделувањето на наградите за најдобар труд во областа на пазарот на капитал за 2023.

    Поттикнувањето на научната мисла кај младите е од големо значење, бидејќи тие се идни учесници на пазарот на хартии од вредност, подвлече Алити, која заедно со професор Вјолца Хасани Лимани од Универзитетот во Тетово, воедно и претседател на Одборот за оценување и избор на трудовите, им ги врачија наградите на добитниците. Првата награда ја доби Руина Етеми, втората Диедон Рамадани и Џихад Шабани, а третата Парајса Кокале и Самие Незири – Џабири.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично