ПОВЕЌЕ

    КХВ: Даринка Дамјановиќ по третпат избрана за извршен директор на Централниот депозитар

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 163-та седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити  донесе Решение со кое даде согласност Даринка Дамјановиќ  да биде именувана за извршен директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, со мандат од 4 години, односно до 30 мај, 2026 година. Ова е трет избор на Даринка Дамјановиќ  за истата функција, стои во соопштението на Комисијата за хартии од вредност на РСМ.

    Исто така, Комисијата даде согласност  на измената и дополнувањето на Статутот на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Вега Фондови АД Скопје, се вели натаму во соопштението. Направените измени во Статутот се поради зголемување на основната главнина на Друштвото.

    Комисијата, исто така, информира дека на седницата што е одржана на 7 октомври, 2022 година КХВ издаде две дозволи за работење на инвестициски агент.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично