ПОВЕЌЕ

    1 милион евра во кеш, украдени од куќа во Скопје. Прескапо ли е чувањето во сеф во банка?

    Време зa читање: 4 минути

    Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во СВР Скопје, Ш.И.(58) од Скопје пријавил дека во период од 19,30 до 21,45 часот од неговата куќа биле украдени 800 000 евра, 60 000 американски долари, 50 000 швајцарски франци и милион денари.

    Како што се наведува во информацијата во полицискиот билтен, кражбата била извршена од непознато лице кое насилно влегло во куќата и од една од собите ги одзел парите кои биле во три кеси.

    Значи, во три кеси дома се наоѓале (чувале) околу 1 милион евра!

    Ајде да видиме што нудат банките. Дали навистина е прескапо вредни предмети, или голема количина на пари да бидат оставени во сеф..

    Доколку поседувате какви било вредносни предмети или материјали, Банките Ви нудат на располагање различни големини на сефови кои можете да ги користите во потполна дискреција и без чекање.

    Сефовите се наменети за сите домашни и странски физички и правни лица.

    Во зависнот од димензиите на сефот (нивната големина во милиметри), и периодот на користење се дефинира и цената на изнајмување.

    Изнајмувањето на најмалиот сеф за еден месец во просек чини околу 500 денари во банки, или околу 4.500 денари годишно. Закупот на најголемиот сеф е во просек од 1.300 до 1.800 денари месечно, или околу 6.000 денари годишно.

    Период на закуп во Стопанска Банка АД Скопје е 1 година, а закупнината се наплатува од клиентот за цела година однапред.

    Износот на годишната закупнина за сефот може да ја погледнете  [ тука ].

     

     

    Слика 1. Надоместоци за изнајмување на сефови во Комерцијална Банка АД Скопје.

    Повеќе за условите [ тука ]

     

    Слика 2. Надоместоци за користење на сефови во Шпаркасе Банка АД Скопје. За повеќе инфо [ тука ]

     

    Слика 3. Надоместок за сефови во НЛБ Банка. За дополнителни информации [ тука ]

     

    Слика 4. Надоместок за изнајмување сеф во Еуростандард Банка. За дополнителни инфо [ тука ]

     

    Слика 5.  Надоместоци за користење на сеф во Халкбанк. За карактеристики и предности, [ тука ]

     

    Слика 6. Надоместоци за сефови на Охридска Банка.

    За сигурност и за дискреција, на располагање Ви стојат различни големини на сефови за чување хартии од вредност, предмети, документи или материјали на две локации во Охридска Банка.

    На следниот линк, може да се информирате кои документи ви се потребни да закупите сеф [ линк ]

    Капитал банка нуди три видови на сефови според димензиите. За да дознаете повеќе, прочитајте на следниот [ л и н к ]

    Изнајмување на сефови во Централна Кооперативна банка (ЦКБ Банка), во два града. Повеќе информации за условите и надоместоците може да прочитате на следниот [ л и н к ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично