ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка АД Скопје го менува работното време на своите експозитури и филијали

    Време зa читање: 2 минути

    Од среда, 20.05.2020 година, повеќето од експозитурите и филијалите на Комерцијална банка АД Скопје ќе работат од 8:00 до 16:00 часот. Новото работно време важи од понеделник до петок, додека сабота останува неработен ден.

    Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека од 8:00 до 16:00 часот ќе работат експозитурите Автокоманда, Маџари, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Драчево, Цветан Димов, Бисер, Лептокарија, Сити мол, Капиштец, Буњаковец, Макпетрол во Скопје, како и филијалите и експозитурите во Охрид, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Кочани, Битола, Штип, Куманово, Тетово, Гостивар, Велес, Богданци, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Илинденска Тетово, Кичево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струга.

    Со работно време од 8:00 до 15:30 часот ќе работат експозитурите Скопјанка, Јане Сандански, МНТ, Влае, Водњанска, Букет, Чешма, Судска Палата, Топаанско Поле, Бутел, Ченто, Илинден, Лисиче.

    Експозитурите Расадник, ГТЦ, Кјуби, Ѓорче Петров 2, Ново Лисиче, Облешево, Куманово-Туш и Штип-Туш и понатаму остануваат времено затворени за работа со клиенти.

    Согласно препораките за заштита од вирусот Covid-19, при посета на експозитурите и филијалите на Комерцијална банка задолжително е носење заштитна маска, шал или марама на лицето, ограничен број на странки во истовреме и држење на пропишаното физичко растојание помеѓу странките.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично