ПОВЕЌЕ

    ГОЛЕМИТЕ ИГРАЧИ ВО КАВАДАРЦИ ШТЕДАТ НА ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ

    Време зa читање: 4 минути

    Во серијалот на анализи за топ 10 компаниите по градови кои исплаќаат највисоки плати на ред е градот на виното, Кавадарци. Иако во секоја друга категорија на рангирање свое значајно учество би завзеле компании од типот на Тиквеш, ИГМ и Дрекслермајер, сепак кога станува збор за просечно исплатена плата овие гиганти не се ни во топ 10. Грижата за вработените сепак е далеку поизразена кај некои други претенденти. Кавадарци е еден од ретките градови каде индустријата е високо развиена и каде локалните компании се глобални играчи.

    Од аспект на топ 10 според категоријата нето просечна плата на врвот на листата е Еуроникел Индустри со вкупни приходи од над 188 милиони ЕУР, што претставува пораст од 11.4% во однос на 2019 година. Ваквите бројки го бетонираат стратешкото значење на компанијата, посебно за кавадаречкиот регион. Втор на листата е фабриката за производство на цигари Алајанс Уан, која иако е понова компанија има значителен удел во креирањето на локалниот и националниот БДП. Приходот на оваа компанија скоро идентичен во последните две години, а тоа укажува на строго утврдени проекции од мајката компанија и загарантирана продажба на реализацијата. Од топ 10 најголеми исплаќачи на плати 60% забележале пад на вкупните приходи, а таквиот резултат најизразен е кај компанијата Гала, додека од друга страна најголем процентуален пораст евидентиран е кај компаниата Нова Инженеринг од 123%. Меѓутоа тука треба да се напомене дека апсолутниот пораст кај оваа компанија е нешто над 1 милион ЕУР.

    НазивПриходи 2020 Приходи 2019 Раст%
    ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ188.388.256 169.503.495 11,14%
    АЛАЈАНС УАН 45.886.363 45.879.600 0,01%
    КОЖУВЧАНКА11.379.478 12.472.427 -8,76%
    БАДЕВ10.088.893 9.250.435 9,06%
    ГРАДБА ПРОМЕТ9.773.324 10.884.122 -10,21%
    ГАЛА 4.193.290 5.779.001 -27,44%
    НОВА ИНЖИНЕРИНГ 2.084.247 933.697 123,23%
    МАК-ДРИЛ 763.011 832.779 -8,38%
    ФЛОТ СТАКЛО ЕЛЕНОВИ 746.145 746.586 -0,06%
    КОДЕКС КОМПЈУТЕРИ711.701 810.198 -12,16%

    Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

    Парадоксот кај овие 10 компании е што иако повеќе од половината имаат пад на приходи, сепак вкупните приходи на групата порастиле за скоро 17 милиони ЕУР. Тоа значи дека “товарот” паднал само врз најголемите во конкуренцијата.

    Што се однесува до остварените добивки на овие 10 компании ефектот е половичен. Имено, половината од нив во текот на пандемиската година успеале да ги зголемат своите добивки, додека другата половина имаат сериозни надолни поместувања. Битен елемент е што во последните 2 години кај овие 10 компании не е забележана загуба. Она што беше одличен резултат кај Еуроникел Индустри од аспект на приходи, сега кога се анализира добивката се забележува голем пад, кој изразен во проценти изнесува 32%. Сепак оваа компанија има далеку најдобар резултат во конкуренцијата, бележејки вкупна добивка од над 7 милиони ЕУР. Она што загрижува е што третата компанија по големина на приходи Кожувчанка, ја предводи листата со најголем пад на приходи, кој во 2020 година изнесувал нешто повеќе од 42%. Ваквите тредови ја намалиле вкупната добивка на топ 10 сегментот за над 3.2 милиони ЕУР.

    НазивДобивка 2020 Добивка 2019 Раст%
    ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ 7.082.539 10.526.150 -32,71%
    АЛАЈАНС УАН2.215.207 2.163.154 2,41%
    ГРАДБА ПРОМЕТ917.347 489.728 87,32%
    ГАЛА295.198 380.788 -22,48%
    КОЖУВЧАНКА273.751 473.761 -42,22%
    БАДЕВ252.019 231.908 8,67%
    НОВА ИНЖИНЕРИНГ186.243 91.527 103,48%
    КОДЕКС КОМПЈУТЕРИ179.170 289.131 -38,03%
    МАК-ДРИЛ172.869 106.078 62,96%
    ФЛОТ СТАКЛО ЕЛЕНОВИ53.246 78.217 -31,93%

    Износите се изразени во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

    На крај клучниот сегмент од оваа анализа е висината која ја исплаќаат кавадаречките компании.

    НазивПросечна плата по вработен 2020 Вработени 2020Вработени 2019Раст %
    ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ37.602 МКД789937-15,80%
    НОВА ИНЖИНЕРИНГ29.851 МКД786225,81%
    ГРАДБА ПРОМЕТ28.321 МКД2182160,93%
    АЛАЈАНС УАН28.152 МКД416427-2,58%
    КОЖУВЧАНКА26.984 МКД1471432,80%
    КОДЕКС КОМПЈУТЕРИ26.954 МКД33330,00%
    ГАЛА26.822 МКД242114,29%
    ФЛОТ СТАКЛО ЕЛЕНОВИ25.968 МКД14140,00%
    МАК-ДРИЛ25.615 МКД13130,00%
    БАДЕВ25.005 МКД67628,06%

    Значително напред пред сите конкуренти е Еуроникел Индустри, каде просечната плата за 2020 година изнесувала 37.602 денари. Ваквиот резултат е за секоја почит иако цикличните движења во бројот на вработени од 15% може да укажува на одредени слабости во функционирањето, или може да биде знак на одредена реорганизација на компанијата. Како и да е, сепак оваа компанија обезбедува примања за скоро 800 фамилии од поширокиот кавадаречки регион. За обележување е и компанијата Нова Инженеринг која е втора по ранкинг според нето исплатена просечна плата, а исто така има најголем процентуален(25.8%) и најголем апсолутен пораст(16 нови вработувања). Кај другите компании од оваа листа не се забележани поголеми промени во нивото на човечки персонал, освен редовните прифатливи циклични движена поради сезонски работници, промена на работно место и слично. На крај, мора да забележиме дека и покрај големиот број на компании и долгогодишната традиција, сепак Кавадарци е далеку од просекот на платите во Битола и Прилеп.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично