ПОВЕЌЕ

    Капитал банка ја проширува мрежата: 13-та експозитура отворена во Охрид

    Време зa читање: < 1 минутa

    Капитал банка ја отвори својата 13 експозитура. Нејзините услуги се наменети за клиентите од Охрид. Лоцирана е во центарот на градот. Се наоѓа на улицата Димитар Влахов бр. 20А.

    „Отварањето на експозитурата во Охрид претставува значаен чекор во нашата мисија да бидеме поблиску до вас и да овозможиме достапност на најквалитетните банкарски услуги во вашето секојдневие. На овој начин продолжуваме да ја зацврстуваме позицијата на Капитал банка како водечки финансиски партнер за физичките и корпоративни клиенти. Нашиот приоритет е секогаш да обезбедиме навремена и квалитетна услуга за сите наши клиенти – од индивидуални корисници до малите и средни претпријатија“, истакна на отворањето директорот на Секторот за работа со физички лица, Димитар Ризов.

    Според него, клиентите од овој гради и околината потребните банкарски услуги ќе ги добиваат од тимот на Капитал банка. Воедно, од страна на вработените ќе им бидат претставени современите финансиски решенија прилагодени на нивните потреби.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично