ПОВЕЌЕ

    Капитал банка го зголемува тимот: Во Струмица е потребен соработник за корпоративни клиенти

    Време зa читање: 3 минути

    Капитал Банка АД Скопје има потреба од еден извршител за позицијата – соработник за корпоративни клиенти во Струмица.

    Ги повикува да аплицираат заинтересираните лица со желба, знаење и ентузијазам за креирање на иднината на мала и динамична банка. Кои сметаат дека можат да одговорат на поставените одговорности и задачи:

    • анализа на финансиите и пазарот на корпоративните, институционалните, МСП и малопродажните клиенти;
    • анализа на билансите, паричните текови и останатата финансиска  документација;
    • проверка дали колатералот / обезбедувањето  е во согласност со политиката за управување со кредитен ризик на Банката;
    • следење и спроведување прописи и упатства од делокругот на работата;
    • примање, анализа и обработка на барања на трговските друштва за одобрување на долгорочни и краткорочни кредити и гаранции и акредитиви;
    • одговорен е за анализа на работењето и развојните програми на трговските друштва (утврдување на кредитната способност и економската оправданост на програмите);
    • прибавување документација за обезбедување по склучените договори;
    • следење и контрола на наменската употреба на кредитот;
    • следење на наплатата на побарување по исплатените кредити на корпоративни клиени;
    • воспоставување и одржување постојани контакти со клиентите;
    • аквизиција на нови клиенти;
    • понуда и промоција на продуктите на банката на правни лица;
    • информации врзани за понудата на услугите и толкување на тарифникот за правни лица;
    • продажба на производи и услуги на терен;
    • соработка во развојот и постојаното унапредување на каталогот на производи и услуги за сегментот на работење со корпоративни клиенти;
    • унапредување на односите и одржување на континуирани контакти со корпоративните клиенти;
    • други работи по налог на раководителот на Секторот за работа со корпоративни клиенти и МСП и/или Управниот одбор.

     

    Кандидатите треба да ги имаат следните квалификации:

    • универзитетска диплома, Економски факултет ќе се смета за предност; пожелно е 3-4 годишно работно искуство; одлични комуникациски и продажни вештини; вештини за преговарање и убедување; искуство во теренска продажба ќе се смета како предност; флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина; напредно познавање на Office пакетот, висок степен на чесност, етичност и доверливост.

    Заинтересираните за оваа позиција треба да ја испратат својата биографија на: [email protected].

    Притоа, задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.

    „Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира“, се вели во огласот кој е актевен 10 дена од датумот на објавување. Изборот ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, зависно од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично