ПОВЕЌЕ

    Каматната стапка останува на рекордно ниско ниво

    Време зa читање: 2 минути

    Федералните резерви на САД (ФЕД), изненадувачки ја задржаа својата референтна каматна стапка на рекордно ниско ниво во опсег од нула до 0,25 отсто.

    Монетарниот одбор на таа институција, кој се состана вчера и денес, по изборите за претседател на Америка, чии резултати сè уште не се познати, исто така изјави дека е подготвен да го искористи целиот свој арсенал и да стори повеќе за поддршка на економијата на која и се заканува влошување на пандемијата.

    Економијата на САД ослабе во последните неколку недели по одредено закрепнување од длабоката рецесија на почетокот на пролетта.

    Неодамнешното зголемување на бројот на нови случаи на инфекција од коронавирусот во САД и во странство е „особено загрижувачко“ за економијата, изјави денеска претседателот на ФЕД, Џером Пауел.

    „Сите имаме улога да играме“, рече Пауел на прес-конференција, повикувајќи ги советите на здравствените експерти за одржување социјална дистанца и носење маски во јавност, што ќе помогне да се врати економијата на патот на раст.

    Тој рече дека е тешко веројатно целосно закрепнување на економијата се додека луѓето не се уверат дека сигурно ќе продолжат со широк спектар на активности.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично