ПОВЕЌЕ

    Каматите основа за повисоки приходи и зголемена добивка на УНИ банка

    Време зa читање: 2 минути

    Позитивни финансиски резултати забележа УНИ банка од работењето во текот на минатата година. Добивката е во износ од 7,7 милиони евра, а произлегува од зголемената и подобрена понуда наменета за клиентите, образложуваат од Банката.

    Квалитетните услуги обезбедиле вкупни приходи повисоки за 12,2 проценти споредено со резултатот од 2022 година – 2.167,5 милиони денари, односно 35,1 милион евра. Во тие рамки се издвојува придонесот на каматите. Учествуваат со значителни 65,8 проценти во структурата на приливите. По таа основа Банката инкасирала 1,181,313 илјади денари (19,1 милион евра), износ кој претставува натфрлување од 27,3 насто. Како што се посочува, анализата на секторската структура покажува поголема ориентација кон кредитирање на населението.

    Исто така, зголемување има и кај приходите од провизии – за 2,5 проценти, а се базира на растечкиот тренд на дигитализацијата во користењето на банкарските услуги.

    Раст има и на расходната страна, од 6,6 проценти. Во таа ставка забележани се 1.691 милион денари (27,4 милиони евра).

    Зголемена е и нето-активата на Банката – за 6,9% во однос на планот и за 8,5% во однос на состојбата од крајот на 2022 година.

    Тенденцијата на зголемување на активата, континуиран раст и задржување на квалитетот на кредитното портфолио треба да продолжи и понатаму, а во очекувањата на УНИ банка е и раст на депозитната база преку воведување нови продукти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично