ПОВЕЌЕ

    „КАМАТА – Тие што го разбираат концептот камата, ја добиваат – тие што не го разбираат, плаќаат!“

    Време зa читање: 3 минути
    Со цел да помогнеме да се зголеми финансиската писменост сакаме да презентираме мошне интересен YouTube канал. Целта на каналот е во живо да претстави еден вид на стратегија на инвестирање – „Инвестирање во акции со растечка дивиденда“.

    Во серијата видеа на каналот имате чуство како да инвестирате заедно, ве води низ процесот на размислување и начинот на носење одлуки за инвестирање на авторот, кои алатки како веб-страни и апликации може да се користат за инвестирање, најновите случувања со економските текови во САД и светот.

    Се чуствувате како да вложувате заедно. Иако видеата во голема мера се специфични за САД, сепак сметаме дека имаат значајна вредност и лекциите може да се применат каде било. Видеата се предвидени за сите нивоа на финансиски едуцирани гледачи. Може многу да научат и искусните инвеститори кои веќе имаат значајно искуство зад себе, но и почетници /обични луѓе кои немаат големо финансиско искуство. Описите изобилуваат со детали и на прв поглед делуваат како комплицирани идеи, но се среќаваат и основни финансиски поими што секој би можел да ги научи, а и би требало да ги знае.

    Во првата епизода се опишуваат алатките коишто ги користи авторот како М1 електронски брокер (апликацијата е специфична за САД, но сепак постојат слични апликации за земјите од Европа и Македонија, електронски брокери што во иднина се надеваме дека ќе може да ги анализираме и објавиме на нашата интернет-страница).

    Веб-страната https://seekingalpha.com/ е корисна алатка за анализирање на компаниите од САД и пошироко.

    Во втората епизода се објаснува стратегијата за „Инвестирање во акции со растечка дивиденда“ што се базира на одбирање на компании коишто во својата историја редовно исплаќаат дивиденда и притоа низ годините ја зголемуваат. Сликовито се објаснува што всушност претставува поимот дивиденда.

    Со оваа стратегија индиректно се очекува дека цената на акцијата ќе расте во иднина бидејќи со зголемена дивиденда самата компанија станува повредна за инвеститорите. Притоа со ваква стратегија остварувате редовни пасивни приходи кои низ годините растат и истите би ви дале поголема финансиска слобода. Во видеото има и кратка презентација за личното портфолио на купени акции на авторот и причините поради кои тие акции се купени.

    Се надеваме дека ќе уживате во видеата и се надеваме дека многу ќе научите. Во моментов каналот има поставено 50 видеа, кои можеби во иднина ќе ги презентираме и ќе ги пренесеме во кратки црти.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично